Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Учество на Светските игри на борбени вештини во Ријад, Саудиска Арабија 2023

Објавено на 24/11/2023

Како еден од двата претставника на Националната Аикидо Спортска Асоцијација, членот на Националната Аикидо Унија на РС Македонија, учителот во клубот “Пат кон Мирот“, Трајко Манасиев Сенсеи 4 ДАН (Аикикаи Хомбу Доџо Токио) за прв пат се претсави на Светските игри на борбени вештини во Ријад, Саудиска Арабија 2023 година. Трајко Манасиев Сенсеи, учествуваше активно во претставување на македонското ниво на аикидо преку демонстрација на аикидо техники.

На овој настан тој учествуваше и во тренинзите одржани од Доџо Чо Мицутеру Уешиба и Кристијан Тисие Сенсеи. На овој настан од светски карактер Трајко Манасиев Сенсеи оствари контакти со национални аикидо претставници од целиот Свет. Беше вистинска чест да се претставува македонското аикидо и да се види како луѓе од различни култури и држави се обединети околу вештината и филозофијата на аикидо.