Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Светски неолимписки игри Дуизбург (Германија) 2005 година

Објавено на 13/07/2005

Светските неолимписки игри се наменети за сите спортови и вештини кои што не претставуваат олимписки дисциплини. На светските игри на неолимписки спортови во 2005 година, кои што се одржаа во Дуизбург (Германија), единствени претставници од Македонија беа Илија и Трајко Манасиеви, учителите од АИКИДО клубот “ПАТ КОН МИРОТ“.

Ова е настан кој што беше под патронажа на Федералниот Канцелар Герхард; Меѓународната Асоцијација на Светски Игри; како и под патронажа на Меѓународниот Олимписки Комитет.

Ова е престижно спортско случување од областа на АИКИДО, каде што беа претставени скоро сите земји во кои што се практикува АИКИДО. Организацијата беше на највисоко ниво, а секојдневно во неколку сали се вршеа тренинзи, водени од нај еминентните учители по АИКИДО.