Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Семинар со Минегиши Сенсеи; Ник Вејтс Сенсеи и Христо Михаилов Сенсеи во Скопје 2006 година

Објавено на 06/06/2006

После успешниот семинар во 2004 година во Скопје, ни преставуваше особена чест две години подоцна, во 2006 да имаме втор семинар во Скопје, со Минегиши Сенсеи. Дотолку повеќе што овој пат неа ја придружуваше и Ник Вејтс Сенсеи, од Велика Британија.

Нашиот учител Христо Михаилов Сенсеи и овој пат со своите ученици не поткрепи и учествуваше во целост на Семинарот како и на презентацијата на АИКИДО техниките, на која присуствуваше и Н.Е Почесниот Конзул Коста Балабанов.

Делегација составена од Минегиши Сенсеи, Ник Вејтс Сенсеи, Христо Михаилов Сенсеи, Илија Манасиев Сенсеи, имаше чест да биде примена од Н.Е Почесниот Конзул на Јапонија Коста Балабанов. На средбата гостите го запознаа Почесниот конзул за активностите од областа на АИКИДО кои што клубот “ПАТ КОН МИРОТ“ ги остварува во Македонија.