Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Јубилеј на француската Аикидо Федерација Париз 2004 година

Објавено на 12/11/2004

Да се присуствува на Јубилеј на Француската Аикидо Федерација, е голема чест секого, како и можност да се научи многу од најпрестижните АИКИДО учители. Единствени претставници од Македонија на оваа престижна манифестација беа Илија и Трајко Манасиеви, од клубот “ПАТ КОН МИРОТ“.

Еден дел од едукацијата одржа ДОШУ Моритеру Уешиба, а во исто време беше присутен и ВАКА Сенсеи Мицутеру Уешиба, како и бројни учители од централното школо во Токио.

Споделувајќи го своето искуство, учесниците искаќаа дека: „ значаен беше и придонесот што го имаше Кристијан Тисие Сенсеи (7 ДАН Аикикаи Хомбу Доџо Токио), со своите лекции за совладување на аикидо техниките, како и брзината и харизмата која што овозможува АИКИДО да биде толку распространето во Франција“.

Според кажувањата на учесниците, остварени се бројни контакти со учители од други држави со надеж дека начинот на кој во Македонија се вежба АИКИДО е прикажано на солиден начин.

Учесниците искажуваат голема благодарност до Француската Аикидо Федерација, за поканата и можноста да бидат дел од овој престижен и образовен настан.