Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Меѓународна презентација на Аикидо во Сала Работнички Скопје 2004 година

Објавено на 12/07/2004

Гостувањето на Минегиши Сенсеи (6 ДАН Хомбу Доџо Токио) во Македонија во 2004 година е историски настан за АИКИДО во Македонија. Минегиши Сенсеи е првиот јапонски инструктор што одржала меѓународен и национален семинар во Македонија. Нејзиното присуство беше единствена можност да се прикаже АИКИДО на пошироката јавност, на оние кои што вежбаат аикидо на самиот тренинг, а на оние кои што се заинтересирани на јавната презентација.

Јавната и отворена презентација на АИКИДО се одржа во спортската сала на КК Работнички, во градскиот парк во Скопје, пред полна сала на заинтресирани за АИКИДО. На презентацијата присуствуваше и Почесниот конзул на Јапонија, Н.Е Коста Балабанов. Оваа јавна презентација беше збогатена и со присуството на преставници од Бугарската Аикидо Федерација, кои што исто така презентираа дел од АИКИДО техниките.

  • Христо Михаилов Сенсеи презентира техника на фрлање
  • Александар Алексиев Сенсеи презентира техника на одбрана од двајца напаѓачи
  • Пламен Томов Сенсеи презентира техника на фрлање