Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Семинар со Минегиши Сенсеи во Скопје 2004 година

Објавено на 06/07/2004

Во 2004 година се случи историски настан за АИКИДО во Македонија. Светски познатата учителка по АИКИДО Минегиши Сенсеи, за прв пат во историјата на Македонија, одржа семинар по АИКИДО во клубот “ПАТ КОН МИРОТ. Таа стана првата јапонка која одржала семинар во самостојна Македонија.

На покана на нашиот клуб се одзваа и членови на други клубови од Македонија. Семинарот беше успешен, а Минегиши Сенсеи успеа со својот специфичен начин на пренесување на знаењето, да ги запознае присутните со основните техники во АИКИДО и нивните варијации.

Тоа преставуваше меѓународен семинар поради присуството и на гости од странство. Во склоп на активностите на Минегиши Сенсеи во Скопје, беше и организирање на јавна презентација на АИКИДО, во спортската сала на КК Работнички, во градскиот парк.