Објавено на 15/11/2011
На покана на Сенсеи Петар Голабовски од Аикидо клубот “Ивама Рју Македонија“ од Охрид, на 15.11.2010 година, во Охрид учителите од клубот “Пат кон Мирот“, Илија и Трајко Манасиеви, одржаа презентација (ембукаи), во склоп на традиционалната будо вечер во Домот на културата во Охрид.
На презентацијата беа демонстрирани техники за одбрана од различни напади.
Благодарност за укажаната чест да бидеме дел од оваа вечер, на гостопримливоста на членовите од Ивама Рју Македонија и се надеваме на идни активности за размена на знаењата меѓу нашите два клуба.