Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Летна школа во Охрид 2011 година

Објавено на 01/09/2011

По првата успешна АИКИДО Летна школа во Охрид во 2010 година, во 2011 година, во организација на АИКИДО клубот “ПАТ КОН МИРОТ“ се одржа втората меѓународна летна школа во Охрид.

Летната школа беше под техничко водство на Христо Михаилов Сенсеи, кои што ги сподели своите знаења од областа на работа со оружје во АИКИДО.

Убавото време помеѓу тренинзите, го искористивме да ги прикажеме природните и културни споменици во Охрид. Особено впечатлива за гостите беше посетата на манастирот Св. Наум и прошеткаа со кајче на изворите на реката Црн Дрим.

Задоволни од наученото, доброто дружење им посакавме пријатен пат до дома на гостите и надеж дека следната година ќе се видиме повторно.