Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Летна школа во Охрид 2012 година

Објавено на 01/09/2012

По двете успешно организирани Летни школи во Охрид во 2010 и 2011 година година, во 2012 година, во организација на АИКИДО клубот “ПАТ КОН МИРОТ“ по трет пат се одржа меѓународна летна школа во Охрид.

Летната школа повторно беше под техничко водство на Христо Михаилов Сенсеи, кој што несебично го споедели своето знаење од областа на техники на боккен, џо и танто. Се потрудивме како организатори да го ја искористиме оваа можност за да ги прикажеме природните и културни споменици во Охрид и Струга. Гостите овој пат беа импресионирани од посетата на манастирот Калишта.

Летната школа помина во ведра атмосфера и дружење. Учесниците ги испративме со надеж за идна повторна средба.