Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

АИКИДО на “БЕЛА НОЌ 2012“ во Скопје

Објавено на 07/11/2012

За прв пат на традиционалната манифестација “БЕЛА НОЌ 2012“ на град Скопје година, претставниците на нашиот клуб “ПАТ КОН МИРОТ“, под водство на Трајко Манасиев Сенсеи (2 ДАН Аикикаи Хомбу доџо Токио) одржаа јавна презентација на АИКИДО техники за самоодбрана. Настанот привлече повеќе од 1000 посетители, кои што на плочникот во Градскиот Трговски центар се воодушевуваа на изведбата на техниките.

Беа покажани техники од различни степени, како и падови кои што беа покажувани на душеците за вежбање, но на барање на присутните аикидо падовите беа презентирани и на плочникот, со цел да се покаже дека нивната ефикасност и заштита е независна од подлогата.

Настанот беше поддржан од многу електронски медиуми и побуди голем интерес. http://www.sitel.com.mk/aikido-na-bela-nokj-2012

Благодарност до Градскиот Трговски Центар за отстапениот простор и до организаторите на манифестацијата, за довербата и честа која ни ја дадоа да презентираме Аикидо за прв пат на оваа престижна културна манифестација.