Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Летна аикидо школа Охрид 2023

Објавено на 13/07/2023

Од 23-25.06.2023 година во Охрид се одржа традиционалната меѓународна летна школа по аикидо, во организација на Аикидо клубот “Пат кон Мирот“ www.aikido.edu.mk. Школата традиционално ја водеше Шихан Христо Михаилов Сенсеи (6 ДАН Хомбу доџо Токиио) од аикидо клубот “Имеон“ од Софија (Р. Бугарија). На интензивните тренинзи се вежбаа техники на одбрана и употреба на танто (дрвен нож), бокен (дрвен мач) и џо (дрвен стап). Присутните гости имаа можност да ги разгледаат и запознаат македонските убавини во Охрид и Скопје. Се гледаме повторно следната година да ја продолжиме успешната традиција.