Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Прием по повод роденденот на Јапонскиот Император Нарухито

Објавено на 21/03/2023

На 01.03.2023 учителите во аикидо клубот “Пат кон Мирот“ од Скопје, Илија Манасиев и Трајко Манасиев, беа поканети на свечен прием по повод роденденот на Јапонскиот Император Нарухито, кој што се одржа во престижниот хотел “Мериот“ во Скопје.

Во атмосфера на бројни личности кои што одржуваат врска со јапонската култура, имавме чест да го прославиме роденденот на Јапонскиот император Нарухито. Целиот настан беше збогатен со традиционални јапонски јадења и пијалоци, а Неговата Екселенција Амбасадорот на Јапонија Отцука Казуја. Од името на сите членови на нашиот клуб посакуваме добро здравје и напредок на Јапонскиот Император Нарухито и се најдобро на членовите на неговото семејство.