Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Посета на Јапонија 2009

Објавено на 09/11/2009

Посетата во Јапонија беше долго очекувано патување, исполнето со многу научени нови АИКИДО техники, нови знаења за јапонската култура и запознавање со тамошниот начин на живот. За ова патување сме неизмерно благодарни на нашиот Учител Христо Михаилов Сенсеи (5 ДАН Хомбу доџо Токио), како и на учителите од кои што имавме чест да учиме во Јапонија.Имавме единствена можност да ги запознаеме и да учиме од живите ученици на Создавачот на АИКИДО Морихеј Уешиба. Посебно инспирираше и можноста да тренираме во школото во кое што О Сенсеи, ја создал оваа вештина. За жал во катастрофите што ја зафатија Јапонија, настрада и ова школо.

Продолживме понатаму да изучуваме АИКИДО и во централното Хомбу школо во Токио, каде што имавме можност да учиме од учителите кои што секојдневно ги споделуваат своите умешности од оваа вештина со одреден број на посветени ученици.

Инспиративни беа часовите на сите учители, а особена чест ни беше да ги посетиме и часовите на ДОШУ Моритеру Уешиба.