Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

АИКИДО Семинар во Полициска Академија 2010 година

Објавено на 29/06/2010

По враќањето од Јапонија, инструкторите на Аикидо клубот Пат кон Мирот, Илија и Трајко Манасиеви споделија дел од научените практични техники за приведување и самоодбрана на идните полициски службеници во Полициската академија.

На настанот присуствуваа членови на клубот и дел од студентитите и нивните наставници од Академијата. Се демонстрираа техники на хумано приведување, како и самоодбрана од разни видови напади. Во дел од техниките се користеше и оружје (нож), со цел поефикасно да се долови суштината и применливоста на Аикидо техниките.

Oгромна благодарност до наставниците од Академијата, а посебно до Деканот на Академијата, за приемот кој што го организираше за нашите членови, а воедно и ги запозна со активностите и успесите кои што ги има Акедемијата.

Се надеваме и на идна соработка со цел за размена на знаењата од областа на борбените вештини со одговорните од оваа област во Полициската Академија во Скопје.