Клубот “ПАТ КОН МИРОТ“ е основан во 2001 година, од Илија и Трајко Манасиеви. Успешната работа се темели на проверена програма и постојано лично усовршување.
Клубот успешно обучил и над 40 професионалци за обезбедување на имоти и лица. Посебно селектираната програма за обука е наменета за владеење на одреден број ефикасни зафати, нужни за лична одбрана и одбрана на обезбедуваното лице.
Од создавањето на клубот во О.У Ацо Шопов (специјализирано за деца), на возраст од 6,5 до 12 години, во рамките на обуката, во школото тренирале над 200 деца. Клубот успешно ја продолжува традицијата, и систематски напредува.
Инструкторите Илија Манасиев (4 -ти ДАН Аикикаи Хомбу Доџо Токио) и Трајко Манасиев (4 -ти ДАН Аикикаи Хомбу Доџо Токио) работат под техничка помош супервизија и на Светски признатиот Христо Михаилов Сенсеи (6 -ти ДАН Аикикаи Хомбу Доџо Токио).