Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

За Аикидо

Аикидото е изворна јапонска борбена вештина која се јавува во 20-тиот век. Создавачот Морихеј Уешиба (О Сенсеи) ги користи знаењата од претходните вештини, кои ги изучува кај врвни мајстори и додава свои оригинални елементи. Името АИКИДО е составено од трите јапонски букви:
АИ – хармонија, љубов,
КИ – внатрешна енергија
ДО – пат.

За техниките

Секоја техника, ги користи слабите точки на човековото тело и изведувањето од рамнотежа на телото на противникот. Техниките овозможуваат без опасност да се неутрализира било каков напад. Техниките се јавуваат во форма на техники на фрлање, удари и техники на клучеви, секоја од нив ефикасна против секаков напад од зафат, удар или гушење, независно дали доаѓаат од напред или одзади, од еден или повеќе напаѓачи.

Сосема е ефикасно и против вооружен напаѓач со нож, мач, палка или друг цврст предмет. Истовремено е вклучено изучување на техники на работа со мач и дрвен стап. Додека се вежбаат техниките, се јакне и подобрува работата на човековото тело и се зголемува самодовербата на личноста.

Поделба на техниките

Во аикидото има многу техники кои може да се поделат во неколку групи. Техники на клучеви и техники на фрлање. Во зависност од нападот, техниките ги делиме на:

  • одбрана од фатови
  • одбрана од комбиниран фат и удар
  • одбрана од удари (со рака, нога или некаков предмет)
  • одбрана од еден или повеќе напаѓачи
  • oдбрана од напаѓачи кои користат оружје (нож, пиштол, палка итн.)

При изведувањето на техниките во аикидо се користат и удари во витални точки на човековото тело (АТЕМИ), со кои се оттргнува вниманието и намалува ефикасноста на нападот на противникот. Во аикидото не постои систем на натпревари, поради опасноста од повреди, и поради фактот што секогаш оној кој напаѓа е оневозможен и неутрализиран. Аикидото е базирано на учење за ненасилство, и неутрализација на секаков конфликт или напад.

За О' Сенсеи Морихеј Уешиба

Јапонската вештина АИКИДО е создадена благодарение на Големиот Учител (О Сенсеи) Морихеј Уешиба. Тој ги комбинира знаењата од неколку вештини кои што ги изучувал, со свои оригинални движења за да го создаде системот на техники во АИКИДО, кои што се применливи независно од силата, полот и возраста на оној кој што ги изучува.

Морихеи Уешиба, е роден на 14-ти декември 1883 во градот Танабе во Префектурата Вакајама. Во својот живот изучува различни борбени вештини. Во 1908 година добива лиценца од школата Гото Ха-Јагју рју Џуџутсу од г-дин Масаносуке Цубои. Подоцна во 1919 станува ученик на познатиот учител по Даито Рју Џуџутсу г-дин Сокаку Такеда. Освен учителите по борбени вештини Основачот го има за свој духовен учител Онисабуро ДегучиО Сенсеи, отвара неколку школи каде што ја предава својата вештина, најпрвин во Ајабе, Шиба, а подоцна и во Токио, каде што и денес се наоѓа централното школо.

Во 1941 година е почната и изградбата на доџо во Ивама, Ибараки Префектурата, каде што продолжува да го развива аикидото. Тој започнува од 1955 година да ја промовира АИКИДО вештината во Јапонија и надвор од нејзините граници. О Сенсеи е добитник на исклучително важни државни признанија. Во 1960 година О Сенсеи е добитник на “Медал со Виолетова панделка на честа“ доделен од јапонската влада. Неколку години подоцна О Сенсеи, во 1964 Основачот добива награда на “Редот на изгрејсонцето, златни зраци со розета“.

О Сенсеи починал на 86 годишна возраст, на 26-ти април 1969 година оставајќи му на Светот една благородна, ефикасна и длабока духовна вештина. За своите заслуги и пост хумно му е доделена наградата “Орденот на Светото Богатсво“, со златни зараци, и рангот на Шо Гои (петти ранг во империјалниот двор).

Цитати на О' Сенсеи за Аикидото

„Вежбањето аикидо е чин на верба, уверување во силата на неотпорот. Аикидо не е крута и строга дисциплина или чист аскетизам. Тоа е патот кој ги следи принципите на природата, принципи кои мораат да се применат во секојдневниот живот. Аикидо треба да се вежба од моментот кога ќе станете од креветот, па се додека навечер не отидете на спиење.“

„Неуспехот е клуч на успехот, секоја грешка не учи на нешто.“

„Никогаш за себе немојте да мислите дека сте совршен мајстор.Вежбајте и учете заедно со своите партнери.“

„Му допуштам на занесениот непријател да го нападне мојот облик, но веднаш стојам зад него и го оборувам.“

„Техниката која се заснова само на физичката сила е слаба, техниката која се заснова на духовната сила е јака.“