Техниките во АИКИДО се изведуваат на два начина: со или без оружје. Во нашиот клуб се вежбаат техники со користење на: дрвен мач (боккен), дрвен стап (џо) и дрвен нож (танто). Ова овозможува подобро увежбување на брзината, начинот на реакција како и на разбирање на смислата на секоја техника.
Дрвените оружја се крајно ефикасни, полесни за набавка и со намалена можност за повреда, па од тој аспект учениците се фокусираат на самата суштина на техниката.
Овие оружја се со иста големина и форма на оригиналните јапонски оружја, а некои од нив како што е на пример дрвениот стап ( џо), се сеуште во редовна употреба во полициските единици, поради својата ефикасност и издржливост на материјалот.