Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Програма

Програма на редовен час по аикидо

Преглед на аикидо час во школата за аикидо “Пат кон Мирот“

Со влегување во салата каде се практикува аикидо секој е должен да се поклони пред влезот на школата и да се однесува по правилата пропишани од страна на школото. За оние кој ќе се приклучат на часот да вежбаат, обувките се оставаат во линија до татамите и чекаат одобрение за влез на татамите од учителот во седната позиција.

  • • Загревање на телото и вежби за растегнување 10 минути
  • • Вежби за пад напред и пад назад (ukemi- mae, ushiro) 5 минути
  • • Вежба за одење на колена (shikko) 2 минути
  • • Вежба за основни движења (tai sabaki) 5 минути
  • • Вежби за движења (tai no henko) со партнер 5 минути
  • • Вежба (kokyu ho) вежба за правилно дишење 5 минути
  • • Тренинг на аикидо техники: се заснова на основните техники како и техники од различни напади базирани на програмата во аикидо школата “Пат кон мирот“ 55 минути
  • • Kokyu ho (вежба за дишење) во седната позиција (Suwari Waza) 3 минути

По изминати 90 минути активен тренинг аикидоките (луѓето кои вежбаат аикидо) се постројуваат во линија и се во седната позиција (Suwari Waza), со поглед кон шоменот и учителот. Аикидоката (оној кој практукува аикидо), седи на челната позиција на редот (по правило највисокиот степен од учениците или помошник инструктор) дава наредба со поклон према учителот за завршување на часот.

Учениците може да станат откако учителот ќе излезе од татамите.