Клубот „ПАТ КОН МИРОТ“ од своето создавање е специјализиран за обука на деца на возраст од 6,5 до 12 години. Во рамките на обуката досега, во клубот „ПАТ КОН МИРОТ“ успешно тренирале и напредувале над 200 деца.
Прочитај повеќеКлубот “ПАТ КОН МИРОТ“ е основан во 2001 година, од Илија и Трајко Манасиеви. Успешната работа се темели на проверена програма и постојано лично усовршување. Клубот успешно обучил и над 40 професионалци за обезбедување на имоти и лица.
Посебно селектираната програма за обука е наменета за владеење на одреден број ефикасни зафати, нужни за лична одбрана и одбрана на обезбедуваното лице.
Од создавањето на клубот во О.У Ацо Шопов (специјализирано за деца), на возраст од 6,5 до 12 години, во рамките на обуката, во школото тренирале над 200 деца. Клубот успешно ја продолжува традицијата, и систематски напредува.
Прочитај повеќеСо влегување во салата каде се практикува аикидо секој е должен да се поклони пред влезот на школата и да се однесува по правилата пропишани од страна на школото. За оние кој ќе се приклучат на часот да вежбаат, обувките се оставаат во линија до татамите и чекаат одобрение за влез на татамите од учителот во седната позиција.
По изминати 90 минути активен тренинг аикидоките (луѓето кои вежбаат аикидо) се постројуваат во линија и се во седната позиција (Suwari Waza), со поглед кон шоменот и учителот. Аикидоката (оној кој практукува аикидо), седи на челната позиција на редот (по правило највисокиот степен од учениците или помошник инструктор) дава наредба со поклон према учителот за завршување на часот.
Учениците може да станат откако учителот ќе излезе од татамите.
Уписите во нашето школо се во тек. Потребно е да дојдете на тренинг и да сакате да научите вештина која ќе ви помогне за подобра самоодбрана, кондиција и концентрација.
Нашата програма е проверена и по неа учеле стотици ученици, кои што успешно ја совладале вештината.
Прочитај повеќе Контактирај нé