Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Често поставувани прашања

– Аикидо може да се вежба на било која возраст, од 6 годишна возраст па се додека човек може да се движи.
– Кондицијата се стекнува преку редовни тренинзи, а претходно знаење не е потребно, затоа што програмата за напредување е ефикасна и преку неа се учат сите потребни техники.
– Да, на нашите тренинзи се тренира со дрвен мач, дрвен стап и танто (дрвен нож), со цел да се научи одбрана од секаков вид оружје во блиска борба.
– Секако, редовно одржуваме семинари со истакнати аикидо учители во Македонија и надвор од неа.
– Аикидо техниките ја користат силата на “противникот”, и затоа човек не мора да биде посебно физички развиен. Сите движења се природни и хармонични. Не го оптеретуваат телото. Ова кај децата позитивно влијае на развојот, а кај постарите лица, ја зголемува виталноста.
– Големиот учител Уешиба, аикидо-то го создал како спој од неколку вештини кој претходно ги изучувал кај познати јапонски мајстори. Ги вметнал најдобрите елементи од џуи-џицу, традиционално мечување со јапонски меч, техники со копје и се разбира негови оригинални движења. И покрај големата ефикасност, ние сме скромни и Ве покануваме лично да дојдете и да се уверите.
– Затоа што тоа е единствениот клуб кој од својот почеток е наследник на првиот клуб за јапонско изворно аикидо во Скопје, под водство на Даниел Димитров Сенсеи. Затоа, што нашиот клуб има светско реноме, и е единствен учесник на Светските игри во Германија 2005, како и на многу други елитни настани.
– Стивен Сегал (Нико) е носител на 7-ми ДАН мајсторски степен, а употребува само мал број од АИКИДО техниките. Тој многу придонесува за популаризирање на јапонското АИКИДО, преку своите филмови. Се што сте виделе на филмското платно, може да го научите и проверите во нашиот клуб.
– АИКИДО-то е одбрамбена вештина, може да ја употребиш само кога си нападнат, и тоа од еден или повеќе напаѓачи, со или без оружје. Затоа оние кои вежбаат аикидо не се насилни. Тие немаат потреба од докажување. Секогаш оној кој напаѓа е победен.
– Не, поради тоа што секогаш оној кој ќе нападне е победен. Дури и да има двајца кои се на ист степен на знаење, секогаш оној кој ќе нападне ќе биде неутрализиран. Од друга страна, техниките се премногу опасни и би имало многу повредени.
– Фактот што тоа ја користи анатомијата на човековото тело, неговите слаби точки, и можноста за изместување од рамнотежа. Па така не е чудно, кога постари лица, жени, или физички послаби лица, многу лесно совладуваат по големи, по мускулести и по тешки од нив.
– Поради својата природа АИКИДО-то позитивно влијае на здравјето на човекот. Сите движења се хармонични и природни и не го оптеретуваат телото. Ја зголемува концентрацијата, подобрува циркулацијата на крвта, а со тоа го регулира и крвниот притисок.