Објавено на 29/06/2008
За прв пат на традиционалната манифестација “ПРОЛЕТЕН ДЕН ВО ЕВРОПА“ во Скопје во 2008 година, претставниците на АИКИДО клубот “ПАТ КОН МИРОТ“, одржаа јавна презентација на ефикасноста на АИКИДО техниките, во посебно определен простор во градскиот парк во Скопје.
На настанот присуствуваа сите членови на клубот, а секој од нив имаше можност да ги покаже своите способности од степенот кој што го поседува.
Презентацијата беше под водство на учителите Илија и Трајко Манасиеви. Оние кои што ја следеја презентацијата откако таа заврши се заинтересираа каде би можеле да ја научат оваа ефикасна техника за самоодбрана. Членовите на клубот им објаснуваа за термините и начинот на кој се одвива тренингот.
Им благодариме на организаторите за оваа можност АИКИДО да се доближи до граѓаните на Скопје.