Локација

Сала на ул. Скоевска бр.95-а, Радишани
Сала Партизан, Градски Парк
Карате Клуб Работнички

Телефон

Трајко Манасиев:
+389 78 377 750
Илија Манасиев:
+389 70 219 977

Свечено отварање на ДОЏО во населба Радишани 2010 година

Објавено на 09/09/2010

Аикидо клубот “ПАТ КОН МИРОТ“, своите почетоци ги има во н. Радишани. Сонот на секој учител е да има сопствено доџо, во кое што ќе може непречено да ја практикува вештината и да ги подучува сите оние на кои оваа вештина им значи.

После напорна работа и ентузијазам на учителите во АИКИДО клубот “ПАТ КОН МИРОТ“, поддршката од семејството и Христо Михаилов Сенсеи, се отвори првото приватно доџо во Скопје, во 2010 година.

Во изградбата на доџото учествуваа со своите вештини и работа, сите членови на клубот “ПАТ КОН МИРОТ“. Со заеднички сили доџото е опремено и уредено со цел да служи на високите технички и наставни стандарди на нашето школо. Школото е отворено за сите кои што вежбаат АИКИДО, или пак сакаат да започнат со изучување на оваа ефикасна и благородна дисциплина.